Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар убедливо го победи Татран Прешов

Вардар убедливо го победи Татран Прешов

Вардар без поголеми проблеми го победи Татран Прешов со 29:24 и му се одмазди за поразот во првото коло од СЕХА лигата.

Од самиот старт Вардар почна фуриозно и ја покажа својата класа, па во неколку наврати имаше и осум гола предност, а на одмор замина со резултат 15:10.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во вториот дел Вардар рутински ја одржуваше предност и без поголема потешкотија победи со 29 :24.

Јан Чувара беше најефикасен кај Вардар со пет гола, а еден гол помалку постигнаа Гоце Георгиевски, Јони Моралес и Лео Фереира. 

Фото: СЕХА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…