Актуелниот првак во СЕХА лигата не дозволи изненадување на гостувањето во Словачка и се враќа со трите бода од дуелот со Татран, 27:26 (13:10), и „Црвено-црните” ја продолжија серијата од 29 натпревари без пораз по ред во регионалното натпреварување.

Вардар имаше водство, иако во последната минута мораше да се брани, и голманот Дејан Милосављев одбрани во последните секунди. Нашиот шампион останува на првото место во максимален број бодови по трите одиграни натпревари.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вардар останува најуспешниот тим во СЕХА лигата со 114 победи во 147 натпревари. Ова е 10-та победа по ред за Вардар во дуелите со Татран. Двете екипи се меѓу основачите на СЕХА лигата и се од самиот почеток на нејзиното формирање.

Средбата во Прешов имаше возбудлива завршница. Вардар во 42 минута водеше со 20:15 и многумина помислија дека е се завршено. Но, на терен почна да се менува сликата, и на секоја не реализирана акција на Вардарци, домашните ракометари успеваа да казнат. На три минути до крај на средбата резултатот беше 25:25. Веќе немаше право на грешка.

Во последната минута прво Вардар реализираше преку Сташ Скубе за водство 27:26. Потоа во последните секунди ударот од шест метри на Буторац го одбрани Дејан Милосављев. Одбиената топка отиде во аголот, а иако беше досуден прекршок тој удар од девет метри воопшто не беше сериозен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…