Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар се враќа во тренинг-кампот во Хиподром, Самсоненко дал гаранција за исплата!

Вардар се враќа во тренинг-кампот во Хиподром, Самсоненко дал гаранција за исплата!

Вечерашното соопштение на „Комити“ носи барем некои добри вести за Вардар.

„Комити“ информираа дека Вардар наскоро ќе се врати во тренинг-кампот во Хиподром. Напоменуваат и дека Сергеј Самсоненко им дал гаранција дека се ќе исплати заклучно со 31.12.2020.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“И покрај техничките проблеми, сепак одигрувањето на натпреварот против Шкендија во Сабота нема да биде доведено во прашање, односно ќе се одигра во предвидениот термин. Исто така актуелното раководство на ФК Вардар во знак на добра волја го кани ФК Вардар од наредната недела да се врати со тренинзи во тренинг-кампот во Хиподром.

Ова се конструктивни потези кои му доликуваат на реномето на Вардар. Сепак ова се потези на раководство во заминување, кое веќе не е во можност да ги сервисира своите обврски, но сака да се прости од клубот кој го водеше речиси 7 години барем со коректен однос, кога веќе не може во целост да ги регулира своите доспеани обврски, но и оние кои настануваат и ќе настануваат со тековното функционирање на клубот.

Колку и сево ова да го примаме со негодување, сепак принципиелноста е важна, и без оглед на тоа што според договорот актуелното раководство треба да го менаџира Вардар уште 3 години, сепак со сила убавина не бидува и едноставно не можеме да очекуваме некој кој не е во можност, да го води клубот и понатаму, и да се соочуваме со проблеми какви што имаме сега.

Добивме уверување дека обврските веќе поранешниот инвеститор Самсоненко ќе си ги регулира заклучно со 31.12.2020г. односно ќе приложи гаранција со залог на личен имот за осигурување на наплатата на долгот, во временска рамка, слично како до Ракометниот Клуб Вардар.

Правните аспекти и импликации од ваквата ситуација не можеме да ги коментираме, но можеме да заклучиме дека во клубот е потребна нова енергија и перспектива. Не може повеќе да трае оваа сага, и редно време е сите да се соочиме со реалноста дека Вардар треба да биде вратен кај своите основачи, и од таму да се собере храброст да се прифати честа и одговорноста да му се обезбеди на клубот иднина со која ќе бидеме горди сите ние кои го сакаме Вардар.

Сега е време да се најде праведно решение каде Вардар но и сите страни ќе бидат победници, а ние сме тука да помогнеме и да олесниме да се дојде до истото.

Апелираме – НЕ МУ ГО ВРТЕТЕ ГРБОТ НА ВАРДАР ! Покажете Храброст и подајте му рака на срцето на Скопје“, се вели во соопштението на Комити“, информираат „Комити“

Претходно во текот на денот се појавија некои информации дека поради технички проблеми Вардар може службено да го загуби саботниот натпревар против Шкендија. Меѓутоа како и што стои во соопштението одигрувањето на тој натпревар не е доведено во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…