Фудбалите на Вардар им се вратија на победите и со три бода се приклучија кон врвот откако со 3:1 ја совладаа Беласица.
Резултатот го отвори поранешниот фудбалер на Беласица, Мартин Мирчевски, а само неколку минути подоцна погоди друг дебитант Петровиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На почетокот на вториот дел Робсон Да Силва ја врати надежта за Струмичани, но точка на мечот стави Петровски за конечни 3:1.
Шкендија триумфално се враќа од Битола иако имаше негатива уште по само 5 минути игра, откако Танушев погоди од пенал. Следуваше комплетен пресврт со головите на Ахмеди, Дориев и Ибраими.
Останати натпревари:
Ренова – Македонија ЃП 1:3
Струга – Шкупи 2:0
Академија Пандев – Силекс 1:0
Борец – Работнички 0:0