Денес со почеток од 13:30 часот се одиграа пет натпревари од македонската прва лига.
Шкендија одигра одличен натпревар и го победи Шкупи со 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До предност тетовци стигнаа со голот на Фазли во 15-тата минута од натпреварот, за на пет минути пред крајот на првиот дел Емини да обезбеди солидно водство на полувремето.
Во вториот дел Шкендија продолжи со добрата игра, а конечни 3:0 беа постевени во 83-тата минута, а стрелец на голот беше Алими.
Вардар испушти победа против Беласица и одигра 1:1.
Дарко Мицевски ги доведе црвено-црните во водство после половина час игра, а предноста на Вардар беше актуелна се до 72 минута кога Филип Ивановски погоди за изедначување.
Со ова реми на Вардар, Шкендија го превзема врвот на табелата каде што имаат ист број на бодови со Вардар (28).
Во останатите натпревари Победа славеше против Силекс со 2:0, Ренова на гости беше подобра од Македонија Ѓорче Петров со 1:2, додека Академија Пандев запиша минимална победа против Работнички од 1:0.