Вардар, со одлична игра и брилијантниот Арпад Штербик, победи во Фленсбург 26:24 и направи голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Големата победа, Вардар ја најави на стартот, кога по седум минути игра поведе со 1:3, период во кој Штербик веќе имаше три одбрани, а Душебаев постигна два гола. На половина од првиот дел Фленсбург се доближи на гол негатива (5:6), на што Вардар во наредните четири минути одговори со серија од четири гола за (5:10). Серијата ја иницираше Циндриќ кој постигна два гола, а погоди и за 6:11 во 24.минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На предноста од пет гола, Вардар до крајот на првиот дел додаде уште еден гол за конечни 9:15 по 30 минути. Вардарци блескаа во нападот, реализира речиси 80 отсто од нападите, а Штербик во првиот дел имаше осум интервенции.
„Црвено-црните“ и во вториот дел не го спуштија ритамот, во 35.минута стигнаа до максималната предност од седум гола (10:17). Фленсбург успеа да намали во наредните три минути на 13:17, на што Вардар одоговори со два гола (13:19).
Следуваше период во играта, во кој вардаровата одбрана и Штербик немаа решение за Јакобсон. Швеѓанецот пет од шестте гола постигна во вториот дел и благодарение на неговата игра Фленсбург во 49.минута се доближи на два гола (21:23).
Вардар успеа да го издржи и тој налет на домаќините, кои притиснати од времето, добрата одбрана на „црвено-црните“ и Штербик, игра брзо и грешеа, па во последните десет минути резултатот беше 21:25.До крајот на мечот Фленсбург постигна три, а Вардар еден гол за конечни 24:26.
Арпад Штербик беше централна фигура на натпреварот, тој имаше 16 успешни интервенции, додека стрелците кај „црвено-црните“, ги предводеа Чупиќ, Душебаев и Циндриќ со по пет голови. Јакобсон со шет гола беше најефикасниот играч на Фленсбург.
Реваншот, по кој ќе биде познат патникот на завршниот турнир во Келн, ќе се одигра в четврток од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.