Вардар ја продолжи победничката серија во СЕХА Газпром лигата со триумфот над Стеауа Букурешт, 27-21 (15-11), истовремено поставувајќи нов клупски рекорд. Четирикратниот СЕХА шампион останува на лидерското место на табелата со максимални 12 бода.
Триумфот му донесе и нов клупски и СЕХА рекорд на нашиот тим – 30 натпревари по ред без пораз, и 29 победи во истиот период. Вардарци остануваат неприкосновени во ова регионално натпреварување.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Средбата со Стеауа беше последен тест пред натпреварот од лигата на шампионите против Кристијанштад викендов во Скопје.
ВАРДАР – Стеауа 27:21 (15:11)
ВАРДАР: Милосављев (12 одбрани), Кизиќ (1 одбрани), Недановски 3, Оцвирк 2, Поповски 2, Кристопанс 5, Мораеш 3, Карачиќ, Скубе 1, Калараш 2, Чупиќ 1, Дибиров 1, Шишкарев, Војводиќ 2, Кисељев 5, Мишевски.