Денес беа извлечени групите за новата сезона во ракометната Суперлига, а ждребот сакаше уште во првото коло да се судрат вечните ривали, Вардар и Еурофарм Пелистер.
Вардар заврши трет во првенството, па така го изгуби правото да биде носител кое сега го имаат Алкалоид и шампионот Еурофарм Пелистер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така Вардар и Еурофарм Пелистер се најдоа во иста група и ќе се сретнат уште во првото коло во Скопје.
1 коло група А
Струга – Охрид
Куманово – Аеродром
Тиквеш – Пелистер 2
Скопје – Алкалоид
1 коло група Б
Вардар – Пелистер
Пролет – Вардар Неготино
Прилеп – Бутел
Мулти Есенс – Голден Арт
Датумите и термините на натпреварите дополнително ќе бидат утврдени.