Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардарци го респектираат противникот, но не се плашат!

Вардарци го респектираат противникот, но не се плашат!

Денес со почеток во 19:30 часот прес конференција за медиумите одржаа тренерот на ФК Вардар, Гоце Седлоски и капитенот на македонскиот шампион Бобан Грнчаров.

Вардарци како што е познато утре ги очекува првиот натпревар од двомечот против Копенхаген. Доколку нашиот шампион сака да се надева на пласман во следната фаза мора утре да одигра исклучително добар натпревар против искусниот тим на Данците.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Добро знаме каков фудбал играат скандинавските екипи, очекуваме да не нападнат со двајца истурени напаѓачи. Играме против кој секоја година е дел од натпреварувањата во Европа, без разлика дали се работи за Лигата на шамионите или Лигата на Европа. Овој натпревар го играме во Скопје, што е позитивна работа, се надеваме на голема поддршка од публиката за на крајот  заедно да славиме“, изјави тренерот Гоце Седлоски.

Потоа зборуваше капитенот Бобан Грнчаров.

„Малме беше квалитетен противник и горди сме што елиминиравме еден таков тим, но сега пред нас се наоѓа тим кој е барем за една класа подобар од шведскиот претставник. Но, доколку прикажаме игра како во второто полувреме во реваншот, немаме причина да стравуваме. Сметам дека имаме свои шанси да постигнеме добар резултат и да ја израдуваме македонската јавност“, заврши капитенот на македонскиот шампион.

Натпреварот помеѓу Вардар и Копенхаген се игра утре на „Филип Втори“ со почеток во 20:00 часот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…