Фудбалерите на Ливерпул вчера пред своите навивачи го победија Наполи со 1:0 и така го обезбедија местото во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
На Наполи му беше доволен бод да се пласира во следната фаза, но не успеаа да ја затресат мрежата на Алисон иако во финишот од натпреварот Милик пропушти зицер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во центарот на вниманието после овој натпревар беше и Вирџил Ван Дијк бидејќи многумина веруваат дека стоперот заслужи директен црвен картон во првото полувреме.
Ван Дијк беше невниматален во лизгачкиот старт над Мертенс и го собра Белгиецот. Сепак имаше среќа и помина само со жолт картон.
Сега се огласи и самиот фудбалер.
„Не можам да верувам дека зборувате дека сум сакал да го повредам. Сметам дека тоа воопшто не беше толку страшен прекршок. Одев на топка и за жал го удрив, но немав намера да го повредам или нешто слично. Тоа е фудбалот“, изјави Ван Дијк.
?Virgil van Dijk received a yellow card for this challenge on Dries Mertens…
? Should it have been red? #UCL #LIVNAP #LFC #Liverpool #VanDijk #Mertens #Napoli
pic.twitter.com/H0Zvj9Ifc7— Under The Floodlights (@UTF_Sport) December 11, 2018