Дома Фудбал Англија Ван Дијк на „Енфилд“ е вистински „крал“ во воздухот – овој податок е доказ

Ван Дијк на „Енфилд“ е вистински „крал“ во воздухот – овој податок е доказ

van dijk

Бројките на стоперот на Ливерпул се фантастични.

Многумина беа изненадени кога Ливерпул плати 80 милиони евра за холандскиот стопер Вирџил Ван Дијк.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долго време поранешниот играч на Гронинген и Селтик беше на радарот на „црвените“, не успеаа да го доведат летото 2017 година, Саутемптон по секоја цена сакаше да го задржи, но во тоа успеаа веќе на стартот на 2018 и тоа за рекордна сума.

Изгледаше дека 80 милиони евра се премногу за Ван Дијк, сепак сега стана јасно дека Ливерпул не погреши и ја направи една од најдобрите зделки во својата историја.

Ван Дијк уште минатата сезона покажа дека ќе биде големо засилување, а оваа покрај Рахим Стерлинг од Манчестер Сити според новинарите е главен кандидат за освојување на наградата најдобар играч во Премиер лигата.

Одбраната на Ливерпул благодарение на Холанѓанецот е една од најдобрите во Премиер лигата. Со неговото доведување клубот ја реши најголемата болка на Клоп.

Колку е доминантен покажуваат и бројките, а она што последно го забележаа статистичарите е навистина податок за почит. Имено, Ван Дијк во последните три натпревари на „Енфилд“ го добил секој воздушен дуел во кој влегол.

Имаше 18 – шест против Бурнемоут,, пет против Вотфорд и седум денес против Барнли.

Ливерпул во трите натпревари запиша исто толку победи, 3:0 (Буренмоут), 5:0 (Саутемптон) и 4:2 (Барнли).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…