Холандскиот фудбалер Дони Ван Де Бек воопшто не добива шанса кај Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед и најавите се дека во јануари ќе ја промени средината.
Името на Ван Де Бек се поврзуваше со Барселона, меѓутоа сега таму доаѓа Чави, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Најновите информации се дека Јувентус и Интер сакаат во своите редови да го видат Холанѓанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето Ван Де Бек пристигна на „Олд Трафорд“ за 40 милиони евра, но поради некоја причина Солскјер ретко му дава прилика.
Таквата ситуација ќе се обидат да ја искористат Јувентус и Интер.