Во среда на програмата е финалето во Лигата на Европа во кој силите ќе ги одмерат Јунајтед и Ајакс.
Главната цел на Манчестер Јунајтед оваа сезона е освојувањето на ЛЕ за директно да се квалификуваат во ЛШ. Избраниците на Жозе Мурињо во среда го играат големото финале против Ајакс кој подготви тајно оружје за натпреварот против англиската екипа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, холандските медиуми објавија дека Ајакс го ангажирал поранешниот менаџер на „Црвените ѓаволи“, Луис Ван Гал за да им помогне во подготовките пред натпреварот со Јунајтед. Ван Гал минатото лето доби отказ на „Олд Трафорд“, а на неговото место дојде сегашниот менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо.
Многумина сметаат дека Ван Гал се израдувал на повикот од Ајакс, и дека на ваков начин ќе се обиде да им се одмазди на Манчестер Јунајтед за отказот. Се уште не е познато дали Ван Гал ќе биде дел од делегацијата на Ајакс на финалниот натрпевар или на холандската екипа ќе им помогне само на подготовката за натпреварот.