Дома Фудбал Останато Ван Бастен скапо ќе ја плати грешката: Денес исфрлен од ФИФА 20

Ван Бастен скапо ќе ја плати грешката: Денес исфрлен од ФИФА 20

Прославениот холандски фудбалер Марко Ван Бастен пред неколку дена ја шокираше јавноста откако на шега го отпоздрави својот германски колега со нацистичкиот поздрав „Зиг Хајл“.

Тренерот на Хераклес, Германецот Франк Вомут даваше кратко интервју по мечот со Ајакс, а Ван Бастен како стручен коментатот го поздрави со нацистичкиот поздрав.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По инцидентото тој веднаш се извинил, но тоа не му помогна многу. Телевизијата му изрече суспензија од една недела, а неговиот хонорар е дониран во Институтот за истражување на војната, холокаустот и геноцидот.

Во меѓувреме се огласи и Electronic Artsa (EA), производител и дистрибутер на играта ФИФА, која го исфрли Ван Бастен од видео играта ФИФА 20, односно од тимот на фудбалските икони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јунајтед нуди на Белингам 15 милиони годишно за договор од 6 години

Манчестер Јунајтед пројавува интерес за напаѓачкиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, …