Eкипата на Еурофарм Пелистер за првпат оваа сезона ќе игра на завршниот турнир на Ф4 во СЕХА лигата кој ќе се игра во Задар.
Стратегот Ларс Валтер кој дојде на местото на Жељко Бабиќ смета дека ова е голема шанса за него и не ги криеше амбициите на денешната прес-конференцијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во полуфиналето на СЕХА, пелистерци ќе се сретнат со Веспрем кој важи за фаворит во овој дуел.
„Кога бев млад Пелистер беше голем клуб на Балканот, ако сте во мои години тогаш сигурно знаете за Пелистер. Во последните години клубот се крена на ниво повисоко и се бори за титулата. Ова е добра шанса и за мене како тренер, против Веспрем немаме што да загубиме. Никогаш во спортот не можете да знаете нешто однапред. Сите опции се отворени“, порача Валтер.
Вечерва битолскиот состав ќе го има и официјалниот тренер во Арената „Крешимир Ќосиќ“ каде што утре ќе се игра натпреварот.