Валмир Какруки е новото засилување под обрачите за екипата на Академија ФМП.
19-годишниот кошаркар кој во нашето првенство има настапувано за екипата на Вардар, измината година беше дел од академијата The Skill Factory каде што настапуваше на повеќе турнири, но сепак најистакнат беше на турнирот каде што се натпреваруваше против екипите на Барселона, Валенсија, GBA Академија и репрезентацијата на Словачка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Среќен сум за моето доаѓање во екипата на Академија ФМП. Се надевам на успешна сезона со добри резултати и добра соработка со тренерот и играчите од кои што добар дел ми се познати и имам настапувано за репрезентацијата и во младинските категории“ – изјави Валмир.