Дома Македонски спорт Мак баскет Стефан Крстајиќ ново засилување на Академија ФМП

Стефан Крстајиќ ново засилување на Академија ФМП

Минатогодишниот МВП играч на Црногорското првенство го засилува ростерот на Академија ФМП за сезоната 2020/21.

Крстајиќ кој минатата сезона со 25 индексни поени беше прв во првенството на Црна Гора доаѓа во ФМП од редовите на екипата на Приморје, каде што постигнуваше 22 поена, 5.6 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки по натпревар. 


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


25 – годишниот кошаркар кој игра на позициите 1 и 2, во својата кариера има настапувано за екипите на Златибор од Србија и Приморје од Црна Гора, а за преминот во Академија ФМП изјавува:

„После Србија и Црна Гора, ја продолжувам мојата кариера во Македонија и ми претставува големо задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП. Успеавме за кратко време да се договориме, бидејќи препознав дека се работи за сериозен клуб, амбициозен и добро организиран. Имаме добри услови за тренинг и мислам дека соработката со тренерот Петровиќ ќе ми помогне доста во понатамошната кариера. Се надевам дека ќе составиме добра екипа и ќе имаме успешна сезона со многу победи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…