Дома Фудбал Валверде се огласи за судиската грешка и потврди: Валенсија е кандадат за титулата!

Валверде се огласи за судиската грешка и потврди: Валенсија е кандадат за титулата!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде мирно ја прифати големата судиската грешка во дербито на „Местаља“ синоќа.

Имено, при резултат 0:0 на Барселона не и беше признат чист погодок, иако топката ја мина гол линијата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Сите сме едногласни дека во такви ситуации, во кои топката ја поминала гол линијата, на судиите им е потребна помош. Не станува збор за судење за судиите, но се уште има моменти во кои топката ја минува гол линијата и тоа останува незабележано. Сите го гледаме очигледното“, рече Валверде.

„Никој не може да знае што ќе се случеше доколку голот на Меси беше признат. Не знам дали ќе победевме или не, но сигурно ќе имавме голема предност“, додаде тренерот на Каталонците.

„Валенсија е сериозен кандидат за титулата. Вечерва го докажаа тоа. Го покажаа целиот свој потенцијал и никој не може да негира дека се кандадат за титулата“, заклучи на крајот Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позајмицата на Коло Муани истече: ПСЖ ќе го пушти во Јувентус под еден услов!

Рандал Коло Муани беше на позајмица во Јувентус каде што навистина се истакна со одлични н…