Дома Фудбал Валверде проблемите во одбраната ги решава со играч од Б тимот?

Валверде проблемите во одбраната ги решава со играч од Б тимот?

Повредите на Самуел Умтити, Жорди Алба и Жуниор Фирпо и суспензијата на Клемент Ленглет значи дека стратегот на Барселона, Ернесто Валверде ќе има сериозни проблеми кога е последната линија на тимот во прашања.

На Валверде на располагање така ќе му останат само три десни бека, Сержи Роберто, Вагуе и Семедо и два стопери, Пике и Тодибо. Поради тоа тренерот на Каталонците ќе има големи проблеми да ја состави последната линија во натпреварот против опасната Севиља.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Проблемите Валверде би можел да ги реши со играч од Б тимот.

За првиот тренинг после вчерашниот натпревар против Интер, Валверде повикал еден играч од Б тимот – Роналд Араухо.

Бидејќи на тренингот не беше повикан бек многу веројатно дека Семедо ќе ја пополни позицијата покрај левата аут линија.

Стоперскиот тандем се очекува да го сочинуваат Пике и Тодибо, додека во конкуренција за настап ќе се најде и Араухо кој ќе чека шанса од клупата за резерви.

Кој е Роналд Араухо?

Араухо е 20 годишен Уругваец кој во Барселона пристигна минатата година од Бостон Ривер. Купен беше за 1.7 милиони евра, но ако се достигнат бонусите Барселона за него ќе исплати сума од пет милиони евра.

Овој млад стопер потпиша договор со Барселона до 2023 година и сега е еден од најважните играчи во Б тимот кој од клупата го води Франсеск Хавиер Харсија Пиемент.

Сезонава за Б тимот одигра шест натпревари (по 90 минтуи) додека минатата година запиша вкупно 22 настапи и постигна три гола.

Натпреварот помеѓ Барселона и Севиља се игра во недела од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…