Дома Фудбал Валверде по пресвртот против Рајо зборуваше за ситуацијата со Малком и Дембеле

Валверде по пресвртот против Рајо зборуваше за ситуацијата со Малком и Дембеле

Барселона вчера на гостински терен го совлада Рајо Ваљекано со 3:2 во натпревар од 11-тото коло од шпанската Ла Лига.

Каталонците во самиот финиш на натпреварот имаа негатива од 2:1, но само за три минути успеаа да го свртат резултатот и да освојат три бода. Гостувањето во Рајо беше потешко од очекувањата за Барселона, но сигурно дека на крајот најважно е што ја продолжија низата на победи.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ернесто Валверде се најде на удар на навивачите на Барселона бидејќи и овој пат Малком не беше во конкуренција за настап. Исто така, не им се допаѓа што Осман Дембеле ги започнува натпреварите од клупата, а предност има Рафиња.

Токму Дембеле ја затресе мрежата на Ваљекано за 2:2 и така го најави пресвртот. Но, Валверде одлучи да објасни како стојат работите околу Малком и Дембеле.

„Сигурно дека времето на Малком ќе дојде и ќе добие шанса. Пред секој натпревар припремам список за играчи кои ќе ми требаат за натпреварот, а кои не. Некогаш ќе изостане Малком, а некогаш Дембеле“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…