Дома Фудбал Валверде: Мотивирани сме пред реваншот со Сити

Валверде: Мотивирани сме пред реваншот со Сити

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Федерико Валверде зборуваше за клупскиот канал после денешниот тренинг.

Играчот за врска играше одлично оваа сезона до паузата и тврди дека на тимот не му недостасува мотивација за продолжување на сезоната.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Треба да бидеме професионалци, да се пазиме и да тренираме добро. Заедничките тренинзи ќе ни помогнат да одиме напред како тим“, истакна Валверде.

„Треба да тренираме добро за да бидеме спремни кога сезоната ќе продолжи. Мотивирани сме за реваншот со Сити, сакаме да одиме напред во Лигата на шампиони. Во овој клуб никогаш не недостасува мотивацијата за успеси“, заклучи играчот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Африканските медиуми вчера информираа дека почина Питер Руфај, една од најпознатите голман…