Дома Фудбал Германија Важен потпис во Борусија Дортмунд

Важен потпис во Борусија Дортмунд

Германскиот гигант, Борусија Дортмунд објави дека ги финиширале преговорите со Грегор Кобел и 25-годишниот голман ставил потпис на новиот договор со „милионерите“.

Кобел беше одличен на голот на Борусија минатата сезона и интерес за него се појави од неколку клубови ширум Европа, но Швајцарецот инсистираше дека приоритет е да остане во Дортмунд и потпиша договор до јуни 2028 година.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Јас сум по природа емотивец, а Дортмунд е неверојатно емотивна фудбалска средина со емотивн аатмосфера на секој наш натпревар.

Имам чувство дека мојата мисија овде не е завршена, овој тим сигурно има потенцијал да освојува трофеи“, изјави Кобел кој брани за „милионерите“ од 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Каков ден на „Олд Трафорд“: Аморим отпушти девет играчи од Манчестер Јунајтед

Голем ден се случи денеска на Олд Трафорд бидејќи Манчестер Јунајтед објави дека девет игр…