Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Мамаду Сако го доби судскиот случај против Светската анти-допинг агенција (ВАДА), која ќе му исплати отштета поради лажните тврдења за допинг тест на дефанзивецот.
Во објава пред Кралскиот суд на правдата во Лондон, ВАДА целосно го прифати барањето на Сако, се извини за неправедните обвинувања за користење на хигенамин, супстанција која се наоѓа во средствата за слабеење.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Среќен сум. За мене, за моето семејство, за моите пријатели, за тие кои беа до мене тие тешки години. Не е лесно кога си професионален спортист и си обвинет за допинг, бидејќи тоа е најлошото што може да ти се случи. Секогаш велев дека вистината ќе се појави и тоа дојде денеска. Сега сакам да гледам напред“, изјави Сако, кој моментално е член на Кристал Палас.
Сако беше „позитивен“ по мечот од Лига Европа помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во март 2016, кога доби 30-дневна суспензија од УЕФА и повеќе не заигра за Ливерпул.
Тој тврдеше дека поради ова бил исклучен и од француската репрезентација за Европското првенство во 2016.
УЕФА подоцна потврди дека средството не е на листата на забранети супстанции, но ВАДА во 2016 и 2017 тврдеше дека тој се допингувал. Денес тие му се извинија и му исплатија отштета од милион евра.
— Mamadou Sakho (@mamadousakho) November 4, 2020