Легендата на Јувентус и светскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон повторно ќе се обиде оваа сезона да го освои она што му недостасува во кариерата, а тоа е трофејот во Лигата на шампиони.
За остварување на тој сон Буфон и неговиот тим вечерва ќе бидат на голем испит бидејќи во Торино им доаѓа Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, 39-годишниот Италијанец има еден проблем кој е поголем од Меси, Нејмар и Суарез.
„Имам непријател во мојот дом, а тоа се моите синови. Знам дека сега ќе бидат мои противници, но навистина ми се допаѓа што мојиет деца е вљубени во Меси, Нејмар и Суарез. Тоа значи дека има добар вкус и добар нос за фудбал“, изјави Буфон.
„Им кажав дека досега немам примено ниту еден гол од Меси, но исто така им кажав дека немав ни премногу шанси да играм против него“, низ смеа додаде Џиџи.
Buffon (on touching Messi): "I just wanted to make sure he was a human being like the rest of us." pic.twitter.com/DahfuIgcnh
— Barca Galaxy (@barcagalaxy) April 11, 2017