Дома Фудбал Останато Буфон: „Златната топка“ треба да ја освои Мбапе!

Буфон: „Златната топка“ треба да ја освои Мбапе!

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон смета дека неговиот соиграч од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе заслужува да ја освои „Златната топка“ оваа година.

Мбапе беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на светската титула со Франција, па е меѓу тројцата најголеми фаворити за престижната награда.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Со оглед на неговите квалитети, тоа што го покажува на теренот и колку беше клучна неговата улога на Мундијалот, сметам дека Мбапе ја заслужува Златната топка“, истакна Буфон.

„Во Италија него го споредуваат со Баџо, Тоти и Дел Пјеро. Располага со исклучителен талент и техника, која ретко се гледа. Едноставно е феноменален. Ако продолжи да работи и да остане цврсто на земја може да биде најдобар во наредните неколку години“, заклучи легендарниот Италијанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …