Oваа сезона Џанлуиџи Буфон го брани голот на второлигашот Парма, а во последниот разговор со легендарниот Виери, за „Бобо ТВ“ зборуваше за некои моменти од кариерата.
Во гостувањето кај Виери, Буфон откри дека напуштањето на ПСЖ го смета за една од најголемите грешки во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ПСЖ беше одлично икуство во мојата кариера, заминувањето беше голема грешка. Се откажав од 10 милиони евра затоа што клубот избра Ареола да биде прв голман, јас тоа не можев да го прифатам. Децата и денес знаат да ме прашаат зошто заминавме од Париз.
Таму се чувствував како слободен човек, посетував музеи, тетри, зборував француски…Нивото таму го нема никаде на друго место, но и ми недостасуваше карактерот на Јувентус“, раскажа Буфон.