Дома Фудбал Италија Буфон вечерва може уште еднаш да влезе во историјата на италијанскиот фудбал

Буфон вечерва може уште еднаш да влезе во историјата на италијанскиот фудбал

Џиџи Буфон е на чекор од израмнувањето на рекородот на Роберто Манчини, кој има шест титули во Купот на Италија.

42-годишниот легендарен голман вечерва ќе го брани голот на Јувентус во финалето на италијанскиот Куп против Наполи. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Буфон досега во кариерата пет пати го освоил италијанскиот Куп и со триумф ќе се израмни со Манчини.

Манчини четири пати Купот го освоил со Сампдорија, а два пати со Лацио, исто така тој четири пати победил во Купот и како тренер: два пати со Интер и по еднаш со Фиорентина и Лацио.

На листата на играчи со најмногу трофеи во Купто на Италија се наоѓа и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој пет пати го крена овој трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гатузо: Босна и Херцеговина е Монт Еверест за нас

Италија ја победи Северна Ирска со 2:0 во првиот плејоф натпревар за Светското првенство и…