Долгогодишниот шпански репрезентативец Серхио Бускетс ја соопшти својата одлука повеќе да не настапува за „Црвената Фурија“.
Бускетс последниот натпревар за Шпанија го одигра против Мароко од кого Шпанија беше елиминирана во осминафиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ме следеа во ова патување. Од Висенте дел Боске, кој ми даде шанса да влезам во репрезентацијата, до Луис Енрике кој се погрижи да уживам до последен миг. Сакам да ги спомнам Хулен Лопетеги, Фернандо Јеро и Роберт Морено, како и нивниот персонал“, се вели во пораката на фудбалерот на Барселона“, соопшти Бускетс во своето обраќање преку социјалните мрежи.
Во продолжение од објавата Буксетс се заблагодари буквално до сите од вработените, до секој секоиграч со кој ја делел соблекувалната.
За Шпанија Буксетс настапуваше цели 15 години и собра 143 настапи. Во 2010 година го освои Светското првенство, а две години подоцна и Европското првенство.