Дома Фудбал Бурно во шпанскиот фудбал: Ла Лига ќе го тужи Фудбалскиот сојуз

Бурно во шпанскиот фудбал: Ла Лига ќе го тужи Фудбалскиот сојуз

Претставници на Ла Лила најавија дека повеќе нема да доаѓаат на средбите кои ги организира Фудбалската федерација на Шпанија поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Недоразбирањата помеѓу Ла Лига и Унијата на професионалните фудбалери (АФЕ) од една и Фудбалскиот сојуз на Шпанија од друга страна кулминираше откако од Сојузот до медиумите ги проследиле аудио записите од последниот состанок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ла Лига најави дека нивните претставници повеќе нема да доаѓаат на средбите и ги обвини претседателот на Федерацијата Луис Рубијалес и генералниот секретар Андреу Кампоса дека тие ја пуштиле во јавност аудио снимката.

Ла Лига и АФЕ најавиле дека ќе поднесат тужба против Фудбалскиот сојуз ан Шпанија.

Сојузот, Ла Лига и АФЕ имаат различни ставови по многу прашања, а недоразбирањата кулминираа во екот на пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…