Дома Топ вести Бурно во Барселона: Играчите протестираат поради Кутињо

Бурно во Барселона: Играчите протестираат поради Кутињо

Филипе Кутињо иако се уште не е официјално член на Барселона, веќе создава проблеми во тимот од „Камп Ноу“, Проблем се нормално – парите.

Кутињо е пред трансфер во Барселона, а кога конечно ќе го облече дресот на Каталонците ќе биде најплатен играч на „Камп Ноу“ после Лео Меси, што воопшто не им се допаѓа на одреди фудбалери на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иниеста и Меси, капитените на тимот, сигурно нема да имаат проблем со Кутињо бидејќи неодамна ги продолжија договорите, но ќе мора да го смират Пике, пренесуваат шпанските медиуми.

Пике е клучен играч на Барселона, не само поради своите квалитети, туку и своите лидерски способности на теренот. Тој моментално е трет најплатен играч во Барса заедно со Инеста и Бускетс. Само Меси и Суарез се пред него, но Кутињо сега ќе се изедначи со платата на Уругваецот.

Играчите на Барселона сметаат дека нема смисла сега да се купува Кутињо бидејќи не може да настапува во ЛШ и со тоа ќе биде нарушена рамнотежата во соблекувалната.

Притоа, сметаат дека не може да биде повеќе платен од играчи кои со години се столб на тимот, барем не веднаш после доаѓањето.

Меѓутоа, така не мислат челниците на Барселона кои сметаат дека Кутињо ќе им помогне во освојување на домашното првенство и ќе се прилагоди на тимот за следната сезона да биде во врвна форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…