Дома Фудбал Англија Бура го погоди Манчестер пред дербито: Оштетен кровот на „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

Бура го погоди Манчестер пред дербито: Оштетен кровот на „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва пред своите навивачи го играат дербито против Манчестер Сити во заостанатиот натпревар од 31-то коло во Премиер лигата.

Ова сигурно е еден од натпреварите кој се следи со огромно внимание бидејќи Ливерпул кој е во жестока трка со Сити чека кикс на „граѓаните“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа Манчестер пред дербито го погоди голема бура која го оштети кровот на „Олд Трафород“. На социјалните мрежи се појави и снимка. Наводно штетата се уште не е санирана.

Јасно е дека навивачите кои имаат влезница за тие седишта не ќе можат од тие позиции да го следат натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид и ПСЖ ги „закопаа воените секири“

Закопани се воените секири меѓу Реал Мадрид и ПСЖ. Кралевите се откажаа од проектот Супер …