Дома Фудбал Бунт против Симеоне во соблекувалната на Атлетико

Бунт против Симеоне во соблекувалната на Атлетико

Слабите резултати на Атлетико Мадрид во последно време многу ја нарушиле атмосферата во тимот.

Еминентниот новинар Едуарди Инда тврди дека во соблекувалната на „јорганџиите“ се кренал бунт против Диего Симеоне, кој за прв пат откако е на чело на клубот ја испуштил контролата над играчите.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


„Во последните 10 години Симеоне секогаш успевал да има контрола во соблекувалната, но за прв пат тоа не е така. На дел од фудбалерите веќе им е преку глава од методите на Аргентинецот и се лути на тренерот. Многу од фудбалерите не го сакаат неговиот стил на работа. Во тимот има група обединета околу Суарез и Родриго де Паул, кои го поддржуваат тренерот. Од друга страна има многу поголема група која е против Симеоне“, изјави Инда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингам им се налути на судиите: Сè беше во корист на Барселона (Видео)

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам беше исклучен на самиот крај од драматичниот натпр…