
Аргентина е финалист на Светското првенство. Во драматичниот полуфинален натпревар во Атланта, Англија со 2:1, благодарение на голема пресвртница во последните минути. Англија поведе со погодокот на Ентони Гордон во 55-та минута, но Аргентина ги промени работите со головите на Енцо Фернандез во 86-та минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение, обезбедувајќи си така место во финалето. Легендарниот Лионел Меси запиша две асистенции.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последната битка со Шпанија, Аргентина ќе се обиде да дојде до своето второ последователно и вкупно четврто светско злато. Натпреварот ќе се игра во недела, на 19 јули, од 21 часот по македонско време. За третото место, Франција и Англија ќе ги одмерат силите еден ден порано, со почеток во 23 часот. Сите голови можете да ги погледнете ТУКА.
По завршувањето на натпреварот се случи инцидент. Џуд Белингам (23) стоеше разочаран сред теренот додека аргентинските играчи славеа во близина со грбот свртен кон него. Белингам, кој до тој момент мирно стоеше, одеднаш се упати кон аргентинците и одзади го удри по глава левиот бек Валентин Барко (21).
Аргентинецот на ова го прекина славјето и влезе во вербален конфликт со Белингам. Вклучени беа и останатите аргентински играчи, предизвикувајќи турканица. Меѓутоа, играчите од двете екипи набрзо успеаја да ја смират ситуацијата и да ги разделат инволвираните.