Дома Фудбал Брука на сезоната – Цел свет му се смее на несреќникот кој го промаши невозможното

Брука на сезоната – Цел свет му се смее на несреќникот кој го промаши невозможното

Хал и Лидс Јунајтед ремизираа на стадионот МКМ (0:0) во натпреварот од 7. коло на Чемпионшип, а гостите можат да му се заблагодарат на играчот на Тигрите, Адама Траоре, кој го имаше едно од најголемите промашувања во изминатите неколку години.

Дуелот помеѓу Хал и Лидс заврши без голови. Имаше шанси и на двете страни, но на крајот мрежите мируваа и двете екипи освоија бод.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Домашните многу повеќе ќе жалат за трите бодови. Имаа нешто повеќе од половина час со повеќе играчи бидејќи фудбалерот на Лидс Родон во 60. минута доби втор жолт картон.

Сепак, тие не го искористија тоа. Се обидоа да нападнат со сите сили, шанса доби и фудбалерот на Мали Адама Траоре кој стана трагичар на вечерта.

Се играше во 89. минута. Траоре ја прими топката од соиграч, беше сам на пет метри од голот на Лидс и кога цел свет веќе ја виде топката во мрежата, тој се посрамоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја откри заработката во 2025 година

Според финансискиот извештај за 2025 година, УЕФА најави рекордни приходи кои значително с…