Дома Фудбал Англија Бројките не лажат: Палмер е најдобриот напаѓач во Премиер лигата – подобар и од Халанд!

Бројките не лажат: Палмер е најдобриот напаѓач во Премиер лигата – подобар и од Халанд!

Кол Палмер дефинитивно е најдобриот играч на Челзи во последните две години, меѓутоа во одредени параметни е најдобар и во Премиер лигата.

Во редовите на Челзи, Палмер пристигна од Манчестер Сити каде што имаше споредна улога. Гвардиола дозволи на Челзи да го купи за 43 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег на „сините“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На „Стенфорд Бриџ“ стана главна напаѓачка опција и еден од најдобрите во Премиер лигата. Статистиката која ја вклучува и претходната и тековната сезона покажува дека е најдобар.

Имено, Палмер е играчот со најмногу голови и асистенции комбинирано во овие две сезони. Вкупно учествуваше во 44 гола, додека Халанд е зад него со два помалку.

Палмер постигна 28 гола и запиша уште 16 асистенции. Не е најдобар стрелец на листата, меѓутоа е најдобар асистент со Букајо Сака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тео Хернандес суспендиран на два меча

Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандес доби суспензија од два натпревари откако доби црвен к…