Фудбалерите на Милан после одличниот старт на сезоната имаа пад на резултатите и полусезоната ја завршија на второто место на табелата.
Тимот на Пиоли нешто слично играше и минатата сезона, кога во вториот дел од сезоната го загуби чекорот со Интер и заврши на второто место на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес италијанските медиуми излегоа со интересна статистика и тврдат дека Милан игра подобро без Златан Ибрахимовиќ во тимот.
Имено, 31 од 42 бода „росонерите“ освоиле без Ибра, повеќе од овие бодови се освоени во првите 11 кола кога Златан беше повреден.
Со Швеѓанецот во тимот Милан има три победи, две ремија и три порази односно во просек освојува 1,38 бодови. Просекот на тимот без Ибра е 2,82 бода по натпревар.
Доприносот на Ибрахимовиќ е исклучително важен како на теренот така и во соблекувалната, но статистиката открива дека Милан со него во тимот игра полошо.