Дома Македонски спорт Мак фудбал Брера Струмица ги продолжи договорите со двајца фудбалери

Брера Струмица ги продолжи договорите со двајца фудбалери

21 годишниот Ѓеоргије Јанкулов кој игра на десната бековска позиција како и 18 годишниот Мартин Ѓоргиевски остануваат во струмичкиот клуб до јуни 2026 година.

Двајцата првотимци ги продолжија договорите за уште три сезони заклучно со 14 јуни 2026 година. Станува збор за двајца млади фудбалери кои одлично се вклопија во нашиот клуб и прва екипа.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Јанкулов во Брера Струмица дојде во втората половина на последната натпреварувачка сезона и одигра вкупно 13 меча при што имаше 5 асистенции за гол.

18 годишниот Мартин Ѓеоргиевски е дете на клубот и во последната натпреварувачка сезона има одиграно вкупно 19 натпревари при што двапати се запиша како стрелец на дуелите против Шкендија и Победа. Паралелно тој е дел и од македонските младински репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…