Дома Фудбал Англија Брендон Роџерс:Тотенхем е голем клуб, но останувам во Лестер

Брендон Роџерс:Тотенхем е голем клуб, но останувам во Лестер

Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс ги демантираше шпекулациите дека може да го наследи Жозе Мурињо на клупата на Тотенхем.

Роџерс има респект кон Тотенхем, но истакна дека е среќен во Лестер и има уште многу работа во тој клуб.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Тоа е фудбал, секогаш има шпекулации за секое слободни место кое ќе се појави. Тотенхем е фантастичен, огромен клуб, но јас сум фокусиран на Лестер. Имам уште многу работа на овој проект“.

„Додека имам енергија и сум среќен не гледам зошто би заминал во друг клуб. Не може да ги контролирате шпекулациите, но јас имам намера да продолжам во Лестер“, изјави Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работна акција во Кичево: Се враќа сјајот на Напредок! (Фото)

Фудбалскиот клуб „Напредок“, кој во минатото беше редовен учесник во најсилната Прва лига …