Дома Фудбал Италија Браќата Инзаги „газат“ во Италија: Еден брка Скудето, друг доминира во Серија Б

Браќата Инзаги „газат“ во Италија: Еден брка Скудето, друг доминира во Серија Б

Браќата Инзаги како тренери работат одлично во своите клубови.

Филипо постариот во Серија Б доминира со Беневенто, а Симоне помладиот во овој момент е лидер во Серија А. Браќата до водечките позиции стигнаа истиот ден на 29. февруари кој самиот по себе е посебен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двајцата истовремено ги започнаа своите битки во 15:00 часот. Беневенто славеше со 3:1 додека Римјаните ја победија Болоња со 2:0. Благодарение на оваа победа Лацио го прескокна Јувентус кој поради опасноста од коронавирусот не го играше дербито со Интер. Од друга страна Беневенто само ја потврди својата доминација во италијанската лига.

Двајцата поранешни одлични фудбалери, сега потврдија дека се и големи тренери. Нивните приказни се различни, но и поврзани. Филипо стана тренер на Милан, но во овој тим доживеа неуспех и малку недостасуваше да „изгори“ како тренер пред да покаже дека квалитет. Тој не се откажа и тренерската кариера ја започна во Венеција, потоа во Болоња и сега во Беневенто му оди најдобро. Очигледно учел на своите грешки.

Симоне од друга страна не менуваше клубови. Исто така напредуваше од ранг во ранг во главниот град на Италија водејќи ги сите млади селекции на клубот, се до првиот тим. Одлуката да го наследи Стефано Пиоли после катастрофата во градското дерби беше показател дека Лацио сака да се засили од сопствените редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…