Дома Фудбал Англија Брајтон и Арсенал одиграа реми без голови

Брајтон и Арсенал одиграа реми без голови

Во рамките од седмото коло во Премиер лигата се сретнаа Брајтон и Арсенал.

Брајтон и Арсенал одиграа натпревар со голема борба и шанси недостасуваа само голови, на крајот истиот заврши без голови. Двата тима имаа неколку добри ситуации за постигнување гол. Домаќините упатија дури 21 шут кон голот на лондонскиот тим, но ниту една не заврши во мрежата.

На другата страна Арсенал најдобрата прилика ја пропушти во второто полувреме кога Смит Ров излезе сам пред голманот Санчез, но домашниот голман добро ја прочита намерата на фудбалерот на Арсенал.

После седум кола Брајтон е петопласиран со 14 бодови додека Арсенал е на деветтата позиција со десет освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Евра: Кој е Рагник дали е воопшто тренер?

Ралф Рагник денес и официјално беше претставен како нов менаџер на Манчестер Јунајтед, Гер…