Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Бразил потврди: Данило го заврши настапот на Мундијалот

Бразил потврди: Данило го заврши настапот на Мундијалот

Фудбалскиот сојуз на Бразил соопшти лоши вести за навивачите на оваа репрезентација.

Се случи она од што се плашеа навивачите – Данило го заврши настапот на Мундијалот. Тој се повреди на натпреварот против Швајцарија и ќе мора да паузира неколку недели.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Откако првиот десен бек на Бразил, Дани Алвес се повреди пред почетокот на Мундијалот, Данило стана прва опција на оваа позиција, но за жал одигра само еден натпревар.

Потоа на таа позиција играше Фагнер кој сигурно не е најдобар можен избор и преку кој Белгијанците вечерва ќе бараат своја прилика да го загрозат голот на Алисон.

Да потсетиме, Бразил и Белгија во 20 часот ќе го одиграат својот четвртфинален натпревар, а победникот ќе игра против подобриот од дуелот Уругвај-Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…