Дома Фудбал Англија Бразилската ѕвезда на Вотфорд откри зошто плачел додека неговите соиграчи го „уништуваа“ Челзи

Бразилската ѕвезда на Вотфорд откри зошто плачел додека неговите соиграчи го „уништуваа“ Челзи

Вотфорд го разби шампионот на Англија со 4:1.

Челзи во вчерашниот натпревар доживеа дебакл. „Сините“ останаа со играч помалку после 30 минути игра, а домаќините до водство стигнаа 12 минути подоцна кога капитенот Динеј погоди од белата точка.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На осум минути пред крајот Еден Азар изедначи на 1:1, но потоа следуваше вистински налет на домаќинот. Во 84 минута Јанмат направи слалом во казнетиот простор и погоди за 2:1, само четири минути подоцна Жерар Делофеу постигна нов погодок за 3:1, а во 91 минута Переира стави точка за конечни 4:1.

За тоа време Ричарлисон, веројатно единствената вистинска ѕвезда на овој Вотфорд седеше на клупата и плачеше откако го замени Переира.

Во изјавата за „ЕСПН“ младиот Бразилец објасни и зошто.

„Плачев бидејќи  сакав да играм и да им помогнам на соиграчите. На крајот Переира кој влезе на мое место одлично ја одработи својата работа, па така се беше завршено добро“, изјави Ричарлисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …