Дома Фудбал Англија Бразилецот од Сити пред суспензија!

Бразилецот од Сити пред суспензија!

Пеп Гвардиола би можел да има проблеми на стартот на наредната сезона.

Манчестер Сити го совлада тимот на Лестер со 2:1 и со тоа стигна на чекор од обзебедување излез во Лигата на шампионите, а покрај промашниот пенал на Ријад Марез, после овој натпревар се зборува и за грубиот потез на Фернандињо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, се играеше 65 минута од натпреварот кога тој со лакт го удри Марк Олбрајтон, но главниот судија одлучи да не го санкционира. Сепак, Фернандињо би можел да се најде во проблем откако ФА ќе ги прегледа снимките.

Со оглед на тоа дека Бразилецот веќе оваа сезона заработи две исклучувања, суспензијата би требала да биде пет натпревари.

Во тој случај фудбалерот ќе ги пропушти последните два натпревари против ВБА и Вотфорд, како и првите три средби од наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…