Дома Фудбал Италија Бразилецот на дофат на Реал – кој ќе го наследи во Рим?

Бразилецот на дофат на Реал – кој ќе го наследи во Рим?

Мадриѓаните ќе пазарат во италијанската престолнина, па сигурно зад себе ќе остават голема дупка на „Олимпико“.

Реал е на прагот да го ангажира во своите редови Алисон од Рома, одличниот чувар на мрежата на „Римската волчица“, кој од наредната сезона може да биде прв избор меѓу стативите на Бернабеу.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Кралевите“ се познати по тоа дека не штедат кога сакаат да доведат некого во својот дрес, па така, за Алисон се спремни да искешираат рекордни 78 милиони евра, трансфер од кој Рома ќе направи стравичен профит, со оглед на фактот дека своевремено тие за него платија само осум милиони евра.

Сепак, со неговото заминување, на римски „Олимпико“ ќе остане голема дупка која ќе треба вешто да се пополни. На листата на спортскиот директор Мончи се најдоа пет имиња.

Најголема желба на Мончи е голманот од ПСЖ, Алфонс Ареола. Французинот во минатата сезона имаше предност пред Трап во Париз, но доаѓањето на Буфон би можело да ја загрози неговата позиција во екипата.

Освен Ареола, Рома се загледува и во голманот на Челзи, Тибо Куртоа. Белгискиот чувар на мрежата најави дека би можел да го напушти Лондон, а негова желба би бил дресот токму на мадридски Реал. Но, со оглед на фактот дека тоа место засега е резервирано за Алисон, Рома би можела да ја искористи ситуацијата и голманот од „Сините“ да го доведе меѓу своите стативи.

Куртоа е алтернативно решение, бидејќи прва желба е Ареола, а „Волчицата“ има уште неколку резервни варијанти за замена на Алисон. Во игра се и Алекс Мерет од Удинезе, Џанлуиџи Донарума од Милан и Асмир Беговиќ од англиски Борнмут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…