Голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво се повлече од репрезентацијата на Чиле.
Искусниот голман на мрежата доби повик од селекторот Реиналдо Руеда за пријателските натрпревари против Шведска и Данска, но повикот беше одбиен од интересна причина. Браво бараше од Фудбалскиот сојуз на местото тренер на голманите да го ангажираат Јулиј Родригез, неговиот поранешен тренер од екипата Коло Коло. Меѓутоа, неговото барање е одбиено, па се повлече од репрезентацијата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Се грижам за нешто што ми е многу важно, подготовките и правилната работа. За тоа во Сојузот се свесни“ напиша Браво.
Браво за репрезентацијата на Чиле запиша 119 настапи.