Дома Македонски спорт Мак фудбал Борче Христов: Работнички е подготвен за пролетните предизвици

Борче Христов: Работнички е подготвен за пролетните предизвици

Три дена до стартот на пролетниот дел од првенството во Првата фудбалска лига. Работнички одработи квалитетни подготовки во Анталија, а шефот на стручниот штаб, Борче Христов, вели дека тимот е подготвен за новите предизвици. Зимскиот преоден рок донесе значителни промени во ростерот, па можеби ќе биде потребно уште малку време за тимот да профункционира според тренерските желби.

Сепак, в недела за Работнички претстои многу важен натпревар, гостување во Битола и дуел со Пелистер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Одработивме квалитетни подготовки, а во зимскиот преоден рок имаше значителни промени во составот. Верувам дека Работнички е добро подготвен за пролетниот старт, иако ние тренерите секогаш велиме дека е потребно уште малку време за добро воигрување. Но, пролетниот дел од првенството стартува и ќе треба да одговориме на предизвикот. Стартот е секогаш многу значаен, а бодовите им се многу потребни и на Работнички и на Пелистер. Ќе биде тежок натпревар, но очекувам позитивен исход за нас“, вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

Натпреварот меѓу Пелистер и Работнички е закажан за в недела, со почеток во 14 часот, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…