По 11 години, Борусија Дортмунд повторно е во финалето на Лигата на шампионите и повторно натпреварот се игра на „Вембли“, а тие и одново се аутсајдери.
Во финалето на сезоната 2012/13 Баерн Минхен беше фаворит против Борусија на Клоп, Баерн беше фаворит, меѓутоа на теренот „милионерите“ одлично се покажаа, а на крајот беа поразени со 2:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, Борусија беше уште поголем аутсајдер во финалето што му претходеше. На 28 мај 1997 година на Олимпискиот стадион во Минхен, Јувентус важеше за огромен фаворит. Но, играчите во жолти дресови, предводени од Отмар Хицфилд, мислеа поинаку. Тие стигнаа до финалето, го победија Јувентус со резултат 3:1 и се искачија на врвот на Европа.
Колку ова беше голем успех за Борусија, потврдува и фактот што германскиот тим претходно само еднаш стигна до полуфиналето на Купот на европските шампиони, во 1964 година.