Дома Фудбал Германија Борусија Менхенгладбах именуваше нов спортски директор

Борусија Менхенгладбах именуваше нов спортски директор

Фудбалскиот клуб Борусија Менхегладбах именуваше денес нов шеф на својата младинска школа, тоа ќе биде Роналд Виркус.

Виркус на местото спортски директор е претставен после изненадувачкото заминување на Макс Еберл кој си поднесе оставка на 28. јануари после повеќе од 13 години поминати на таа функција. Роналд Виркус (55) во клубот е од 1990 година кога започна како тренер на младинците. Ги тренираше тимовите до 15, 17, и 19 години, а должноста шеф на академијата ја презема во 2008 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После сезоната во која се бореше за квалификации за Лига на шампиони Минхенгладбах сезонава доживеа пад и е блиску до зоната за испаѓање, веќе го заврши натпреварувањето во Купот на Германија.

Борусија Менхенгладбах во овој момент е на 13. место на табелата во Бундеслигата, односно има четири бода повеќе од првиот тим во зоната за испаѓање. Првиот натпревар Минхенгалдбах со Виркус на новата позиција ќе го одиграат во недела против второпласираната Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ван Дајк се огласи за својата иднина: Не очекував вакво прашање!

Вирџил ван Дајк ги отфрли сугестиите за летен трансфер во Реал Мадрид, но призна дека нема…