Дома Фудбал Германија Борусија играла за Реал: Намерно го повредиле Левандовски!

Борусија играла за Реал: Намерно го повредиле Левандовски!

Агентот на Роберт Левандовски, Мајк Бартел ги обвини фудбалерите на Борусија Дортмунд, дека намерно се обидувале да го повредат напаѓачот на Баерн Минхен за време на дербито.

Според менаџерот на голгетерот, Марк Бартра намерно дејствувал исклучиво грубо против Левандовски, а потоа и голманот на Борусија, Роман Бурки влегол намерно остро против него, за да го повреди.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Се создаде впечаток дека Борусија се обидува со сите средства да го извади Левандовски од игра“, прокоментира Бартел пред „Билд“.

Повредата на Лева во рамото сепак најверојатно нема да го извади од игра против Реал Мадрид во Лигата на Шампионите.

Набрзо стигна одговор од Дортмунд на ваквите обвинувања.

„Глупости. Да, нашите фудбалери правеа фаули, но бевме фер према Роберт целиот натпревар“, изјави директорот на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…