Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд фаворит за потписот на Манџукиќ

Борусија Дортмунд фаворит за потписот на Манџукиќ

Иднината на напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ се уште е нејасна, а медиумите тврдат дека сигурно ќе ја промени средината ова лето.

33-годишниот Манџукиќ неодамна го обнови договорот, но по доаѓањето на Маурисио Сари, најверојатно, нема да остане во тимот, бидејќи не одговара на стилот на новиот менаџер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се очекува Кристиано Роналдо да ја преземе улогата на централен напаѓач, а за Манџукиќ нема да има место во тимот и наводно Сари му порачал дека слободно може да си бара нов клуб.

Според „Тутоспорт“, Борусија Дортмунд е фаворит за хрватскиот фудбалер. Тој имаше успешен престој во Бундеслигата со Баерн Минхен па дури и ја освои Лигата на Шампионите. „Црно и жолтите“ бараат искусен стрелец, а Манџукиќ е токму таков.

„АС“, сепак, тврди дека Марио изненадувачки може да се врати во Атлетико Мадрид. Тој беше дел од тимот на „јорганџиите“ во сезоната 2014/15 и постигна неколку важни голови, но потоа се пресели во Јувентус и стана прилично важна фигура за „старата дама“.

Не е тајна дека Манџукиќ има примамливи понуди од САД и Кина, но неговата желба е да остане во Европа.

https://youtu.be/uf6hMfk8yM0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…